Electric Car Charger

Полначи за Електрични Возила

Што нудиме?

Полначите за електрични возила се развиени од страна на специјализирани тимови кои работат неколку години во областа на полначи за електрични возила Најновите технологии допридонесуваат до комбинации од можности на полначот според барањата на корисникот.

Полначите што ги нудимение се со моќност од 7-11-22kW. Монофазни и трофазни .

Нашиот тим нуди целосна монтажа, инсталација и тестирање на уредите.

Зошто да го одберете нашиот полнач?

Нашиот полнач има вградени можности за безжична комуникација со системот. Со тоа тој станува дел од вашиот паметен дом, со што можете да го контролирате и надгледувате процесот преку вашиот паметен уред.

Со можноста за конекција на паметен уред, ја добивате предноста на следење на секое полнење на возило и ограничување на полнења.

Полначот е со вградени безбедносни системи како што се протекција од скокови на напон кон уредот како и кон возилото.

Уредот функционира на систем со безконтактни картички за активирање на полнењето.

За која намена?

Нашите полначи можат да се инсталираат на било која локација каде што има пристап до трофазна и монофазна струја.

Тие можат да се инсталираат на бензински пумпи, во стамбени згради, шопинг центри, деловни згради, хотели, автобуски станици, паркинг гаражи, во вашиот дом или пак каде и да имате потреба од полнач за вашето електрично возило.

Авто Плус 2022

Нашите полначи монтирани за презентација на најголемиот авто-мото настан во државата. Авто Плус “Street Show” е изложба на најсовремените модели на моторни возила од повеќе конкурентни брендови на светскиот пазар.

Гранд Ауто

Еден од двата полначи кои се поставени пред салонот на Гранд Ауто. Полначите моментално ги снабдуваат со енергија електричните автомобили на “Ford”, “Hyundai” и новите електрични автомобили на “MG”.