САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ
Сајбер Безбедност
Сајбер безбедност се однесува на технологии, процеси и практики кои се дизајнирани да ги обезбедуваат мрежата, уредите, програмите и податоците од напади, оштета и недозволен пристап. Сајбер безбедност е исто така позната како ИТ Безбедност.
Сајбер безбедноста е значителна за државни, корпоративни, финансиски и лекарски организации кои колектираат, процесираат и складираат големи количества податоци во компјутери и други уреди.
Голем број на тие податоци може да се чуствителни информации, дали тоа би биле интелектуален имот, финансиски податоци, лични податоци или друг тип на податоци за кои недозволен пистап или разознавање би можело да има негативни последици.
Организациите пренесуваат чуствителни податоци преку мрежи и други уреди во текот на бизнисот, сајбер безбедноста ја објаснува дисциплината која е посветена да ги заштити тие податоци и системите кои се користат да ги складираат и процесираат.
Информацијата и податоците се средство на организациите, како и сите други средства имаат вредност и затоа е потребно да се заштитат.
Најчести закани за безбедност на информациите се:
- Ниската свест за безбедносните аспекти на информациите
- Интернет и електронска пошта
- Самите вработени
- Напади од хакери и вируси
- Тероризам
- Елементарни непогоди
Зошто Сајбер Безбедноста е важна ?
Во денешниот конектиран свет, секој може да ма бенефит од напредна сајбер одбрана.
На ниво на индивидуа, еден сајбер напад може да значи крадење на идентитет, обиди за уценување, губење на битни податоци и фамилијарни слики.
Безбедноста на информациите ја заштитува информацијата од низа закани, со цел да се обезбеди непрекинато реботење, да минимизира деловна штета а со цел и да ги оправда инвестициите за безбедност на информациите.
Предизвици на Сајбер Безбедност
За ефективно обезбедување против сајбер напади, една организација треба да ги координира напорите преку целиот информациски систем.
Елементи кои треба да се обезбедат и спаѓаат во информациски систем.
– Безбедност на Компјутерска Мрежа: Процес на обезбедување на компјутерска мрежа од непосакувани корисници, напади и натрапници.
– Безбедност на Апликации: Апликациите бараат константо надградување и тестирање за да се безбедни од напади.
– Безбедност на „Крајна Точка“: Далечински пристап е неопходен дел од една фирма, но исто така и безбедноста дупка. Безбедност на така наречената крајна точка е процес на обезбедување на далечинскиот пристап до копманиската мрежа.
– Безбедност на Податоци: Обезбедување преку специализирани софтвери.
Луѓе
Корисниците мораат да ги разбераат и да се приддржуваат за основните принципи на безбедност за податоци, како што се користење на сложена лозинка, припалзивост при отварање на датотеки и линкови од меилови и правење често копија (backup) на податоците.
Процеси
Организациите мораат да имаат начин и процедури за справување со обид за сајбер напад. Нашите професионално изработени планови можат да ви помогнат да го постинете тоа.
Ние успешно идентикуваме напад, заштитуваме системи, идентификуваме и одговараме на било каков напад и исто така и го враќаме системот и податоците во погон после нападот.
Технологија
Технологија е неопходна за обезбедување на уредите кај фирми и поединци од сајбер напади.
Три главни точки мора да се заштитени, крајни единици како компјутери, мобилни уреди и рутери, компјутерски мрежи и клауд (онлајн складирање на податоци).
Чести технологии кои се користат за заштита на овие точки се “next-gen” огнени ѕидови, ДНС Филтери, антивирусни софтвери, малвер протекција и емаил протекција.
Нудиме
- Детално проверување на мрежа: Целосно испитување на мрежа. Пронаоѓање и одстранвуање на било какви безбедносни дупки во системот.
- Огнен Ѕид (Firewall): Инсталација и оддржување на физички (хардверски) огнен ѕид, кој игра улога како граница за сите дојдовни и појдовни конекции. Не дозволува пристап на непосакувани и непознати конекции и слично.
- Обезбедување на Уреди: Користејки напредни алатки за спречување, детектирање и одстранување на малвер, тројан, рансомвер и многу други опасности кои доаѓаат од надвор на мрежата, ги обезбедуваме сите ваши уреди, компјутери, лаптопи и телефони.
- Обука на Вработените како да се заштитат од сајбер напад во секојдневното работење.
- Консултации и совети во секојдневното работење како би се спречило активирање на некој програм кој би го оштетил системот или да ги превземе податоците на корисникот кои понатаму можат да бидет дел од уцена, превземање на бизнисот или пак префрлување на одредени средства на сметки кои никогаш нема да бидат вратени.
- Комплетни Решенија за заштита на вашиот систем и мрежа. Прилагодени според потребите на фирмата и/или корисникот.