Што е тоа паметен дом?
Паметен дом или “Smart Home” е дом кој користи секојдневни уреди како што се светилки, вентилатори, ролетни, сензори но со вградена можност тие меѓусебно да комуницираат со што се оспособува надзор и контрола на домот, надвор од него.
Автоматизирање на секојдневни дејства во домот, поврзување на вашите куќни апарати со автоматизиран систем кој работе според зададен распоред
Контактирајте го вашиот паметен дом да проверите до каде е ручекот, дали централното греење е вклучено, дали ролетните се кренати и многу повеќе
Што нудиме ние?
Паметни брави
За зголемена безбедноста можете да користите паметни електронски брави, најчесто овие брави функционираат со тастатура или одпечаток од прст или без контактна картичка. Покрај стандардните функции како автоматизирано одклучување и заклучување, паметните брави можат да бидат контролирани од телефон, одлично решение за тие што често забораваат клучеви.
Паметен термостат
Една од главните точки кај паметните домови е ефикасно потрошена енергија. Тука доаѓаат паметните термостати, кои ја набљудуваат потрошувачката во даден период, и според ваѓите рутини на загревање и разладување на вашиот дом, ја оптимизираат ефикасноста на користење на енергијата. Покрај автоматизирана работа, паметните термостати овозможуваат контрола од вашиот телефон, набљудувајте ја термпературата на вашиот дома и кога не сте во него.
Паметни утичници
Кога станува збор за енергетска ефикасност, најголем непријател ни се уредите кои покрај тоа што се исклучени тие седат во “Stand-by” мод и чекаат да бидат вклучени со далечински управувач. Како за пример некои од тие уреди се, телевизорите, звучните појачала, климите и многу други. Еден од начините да го решиме овој проблем се паметни утичници. Тие овозможуваат сите овие наведени уреди да бидат исклучени преку ден, додека вие не сте во домот и во точно време кога ќе се вратите истите да бидат вклучени.
Паметни сијалици
Паметни сијалици кои може да ги контролирате од вашиот мобилен телефон. Да ја прилагодувате температурата на светлото, јачината на светлото па дури и бојата на светлото. Различни модови на користење зависно од тоа дали работите во просторијата, дали читате книга, дали гледате филм.
Паметни сензори
- Сензори на движење
- Сензори за температура и влажност на воздухот
- Сензори за врати и прозори (Недозволено отварање)
- Сензори за детектирање на чад
- Сензори за детектирање на протекување на плин/гас
- Сензори за детектирање на протекување на вода
Паметни прекичувачи
- Прекинувач за светло (со контрола од мобилен телефон)
- Прекинувач за светло (со контрола на јачина на светлината)
- Прекинувач за вентилатор (со контрола на брзината)
- Прекинувач за вентилатор (со опција за светло)
- Прекинувач за бојлер (автоматско вклучување и исклучување)
Паметни завеси/ролетни
Завеси и ролетни кои можете да ги подесите во одредено време од денот да се затворат или отворат, со што ќе ја оддржувате температурата во вашиот дом. Мотори за завеси, мотори за ролетни, модуларни прекинувачи за претходно наведените мотори. Сите овие уреди се контролираат преку мобилен телефон кој ви е секогаш при рака.
Паметни управувачи
Покрај опцијата да ги контролираат сите паметни уреди со вашиот телефон, ја има и опцијата за далечински управувачи. Постојат два типа на далечински управувачи, според типот на комуникација. Едниот тип е инфрацрвена комуникација (IR) вториот тип е комуникација со радиофреквенција (RF).