Автоматизација – Ticketing Systems

Автоматизација – Ticketing Systems

Со повеќе годишно искуство во преоектирање и инсталација, Grand SD Solutions ви нуди едноставни и ефикасни системи наменети за контрола на пристап за пешаци и возила, со флексибилен софтвер кој може да се прилагоди според потребите на корисникот.


Контрола на пристап за пешаци

Како и со останатите услуги, Grand SD Solutions се грижи да ви го донесе најдобро решение според вашите потреби.

Од наједноставни системи за евидентирање на работно време и контрола на пристап до системи со висока комплексност (голем број на влезно-излезни позиции, повеќе нивоа на пристап, евиденција и статистика на премините, наплата со билет и многу повеќе.)

Според потребите системот може да биде:

  • Евиденција на влез/излез и работно време (Уред на влез и/или излез на објектот, кој води евиденција преку RFID картички и токени или едноставна шифра за влез, зависно од потребата на корисникот.)
  • Влез со наплата (Монтирани трокракни ротирачки препреки ( таканаречени – TRIPOD ) на влез од објект, како што се базени, театри, зоолошки градини, архиолошки места односно места на кои е потребно да се издаде и плати билет, евидентира и врши контрола на пристап )
  • Под напредни системи спаѓаат системи кои се комбинација од горе наведените но со поголем број на влезови и/или излези, со повеќе начини на премин (RFID картички или токени, баркод картички или билети, шифра за пристап и други), поделба на делови од објетк според нивото на пристап, различен тип на премин (Електронска брава, трокракни ротирачки препреки, крилни препреки и други) и многу други аспекти на системот кои можат да бидат прилагодени според потребите на корисникот.

Контрола на пристап за возила

Принципот на работа кај контролата на пристап за возила не е многу по различен од пристапот за пешаци. Контрола со RFID картички, наплатни билети, баркод читачи и слично. Главната разлика е типот на преминот, во овој случај станува збор за бариери (рампи) позиционирани на влезот и/или излезот на објектот. Ваков тип на систем е најпогоден за комперцијални паркинзи односно гаражи, хотелски паркинзи односно гаражи, големи маркети и молови и многу повеќе.


Паркинг систем
Најнапредната технологија во функција на контрола на пристап на возилата.
Наше модуларно решение, наш софтвер и хардвер за хотели, големи и мали маркети, дистрибутивни зони, …
ИСКУСТВО
Наше комплетно решение за автоматизирање на работата на еден паркинг.
Наша опрема, наш софтвер, за разни типови паркинзи , кои досега ги имаме препознаено како нешто различно, од нашето не мало искуство:
• Комерцијален паркинг, хибриден (комерцијален и ВИП)
• Хотелски паркинг, бесплатни гости, но и плаќање за комерцијални паркинг услуги
• Паркинг за Мега-маркети, бесплатни клиенти, наплата на услуги за комерцијално паркирање
• Комерцијални дистрибутивни зони
• Паркинг на фабрики, институции, компании, итн.
СИСТЕМСКА КОНФИГУРАЦИЈА
Ние го конфигурираме системот заедно со клиентот, така што тој директно влијае на посакуваната инвестиција, знаејќи јасно и прецизно што купува, со идеја да купи само она што му е потребно и плати само што би користел.
ОПРЕМА
Во зависност од големината на паркингот (гаража), бројот и расположливоста на влезовите / излезите, фрекфенција на паркирање, ширина на влезниот и излезен терминал,, намена на паркирање (за автомобили, камиони) што ги предлагаме, а засновано на бројното искуство нудиме повеќе типови на рампи.

УРЕДИ
И повторно, во зависност од видот на паркинг, и во функција на евиденција и контролата на пристап, се избира опрема за издавање, овластување и верификација на картички за паркирање, или хартиени (бар-код) картички, или РФИД картички, но не често, се користат само шифри, метални токени, па дури и РФИД токени, и многу ретко биометриска идентификација.

Уреди, односно камери во функција на видео надзор, но и за препознавање на регистарскиот број на возилата, во принцип, се користат како дополнителна контрола и евиденција. Гаражите честопати користат уреди (подсистеми) за откривање на слободни места за паркирање и опрема за евиденција , односно за усмерување на возилата.
Типови на авторизација

  • RFID картички
  • Хартиени баркод билети
  • СМС Наплата
  • Автомати за наплата